Кадрите од Корнати, дивите коњи од Велебит, маслинките и лавандата нè воведуваат во летната емисија од серијалот „Храната нека ни биде како лек“ во која ќе ви ја претставиме бамјата. Бамјата со столетија се користи во исхраната, козметиката и медицината, но забележуваме дека во нашите краеви сепак е малку позната. Емисијата ја посветуваме на бамјата, сестраното растение кое како деликатес го подготвува една од најдобрите готвачки на светот г-ѓа Весна Милетиќ, главна готвачка на ресторанот „Тач“ во Загреб. Дека подготовката на здрава храна може да биде кратка и едноставна ќе ни покаже Весна Милетиќ, која ќе подготви летна салата од бамја. Природата ни дарува изобилство на здравје и убавина, да научиме да живееме со неа!

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Да се живее здраво – Бамја”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *