„Храната е лек“ се зборови со кои започнува емисијата „Мишанција“. Зиме, кога сè е под снег, кога природата мирува, постојат растенија кои природата несебично ни ги дарува. Мишанцијата најчесто се состои од анис, глуварче, костриш, див праз, лавји заб, кељ, мечкин лук, од растенија што растат во нашиот двор или бавча, за кои често сметаме дека се коров. Во емисијата „Мишанција“ г-ѓа Весна Милетиќ, една од најдобрите готвачки на светот, нè подучува како од диви растенија на брз и едноставен начин да подготвиме деликатес. Гостинки на емисијата се доц. Д-р Сања Мусиќ – Милановиќ и Д-р Леа Полак, дипл. инг. кои истовремено ни го претставуваат проектот на Хрватскиот завод за јавно здравство „Да се живее здраво“. Идиличното Хрватско загорје зиме, топлата атмосфера на ресторанот „Тач“ ќе нè воведат во неодоливата приказна за благодетите на самоникнатите диви растенија.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Да се живее здраво – Мишанција”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *