Хранливата смоква е тема на емисијата од серијалот „Храната нека ни биде како лек“. Нутритивно богата, особено хранлива, смоквата всушност е цвет. Природата ни ја дарува смоквата на помалку од 900 начини, имено постојат неколку стотини видови смокви, но на сите им е заедничко дека сакаат многу топла клима. Со убавите кадри од природа, море, од Велебит во пријатниот амбиент на ресторанот „Тач“ Весна Милетиќ, главна готвачка на ресторанот и една од најдобрите готвачки на светот подготвува смокви за зимските денови кога нема да биде достапна свежа. Весна ни покажа како на брз и едноставен начин можеме да направиме џем од смокви задржувајќи ја нивната арома и нутритивни вредности.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Да се живее здраво – Смоква 2”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *