„Храната нека ни биде како лек“ е серијал кој говори за диви растенија. Како да се подготви зимското диво растение како деликатес ни кажува г-ѓа Весна Милетиќ, една од најдобрите готвачки на светот, главна готвачка во ресторанот „Тач“ во Загреб. Емисијата одговара на прашањата каде расте чичоката, како да се препознае, кои се нејзините нутритивни својства, како дејствува врз нашиот организам. Гостинки на емисијата се доц. Д-р Сања Мусиќ – Милановиќ и Д-р Леа Полак, дипл. инг. кои ни го претставуваат проектот на Хрватскиот завод за јавно зравство „Да се живее здраво“. Додека во природата зимата беснее, Весна Милетиќ покрај топлиот оган во каминот му подготвува на гостинот зимска чорба од чичока и салата. Емисијата е наменета за сите што сакаат зимска идила и сакаат да подготват здрав оброк за себе и своите најмили.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Да се живее здраво – Чичока”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *