Можеме да кажеме дека историјата на облекување всушност е историја на општеството. Со облеката комуницитаме, праќаме пораки. Тој стар уметнички занает е доста сложен и е потребно големо искуство, знаење и способност за да ја реализираме својата идеја. Професорките и учениците во Училиштето за применета уметност и дизајн во Загреб, ни објаснуваат како доаѓаат до моден цртеж, што е батик- техника и како се изработува, што е илустрација во модниот свет, што е пример и како се изработува, што е траjна слика на текстил, како доаѓамe до ликовен пример за таписерија… одговори можете да добиете во визуелно раскошната емисија снимена во УПУД и во работилницата на модната дизајнерка Тина Миличевиќ.
Ликовни идејни решенија
Стари занаети – Текстилни ракотворби – „Ликовни идејни решенија“. Уметниците со столетија наоѓале инспирација во природата, бидејќи природата се облекува наубаво. Со облеката се заштитуваме од временските прилики, но и комуницираме. Како од идеја да дојдеш до реализација, како да изработиш моден цртеж и таписерија, ни објаснуваат професорките и учениците во Училиштето за применета уметност и дизајн во Загреб, Отсек за текстил.
Reviews
There are no reviews yet.